Гастроентеролог советува: Доколку сакате добро здравје на цревата, додадете ја оваа состојка во вашето кафе

Точка

23/05/2024

16:47

22.048

Големина на фонт

а а а

Има една работа за која славниот гастроентеролог д-р Вил Булсиевич е страствен, настрана од цревниот микробиом, а тоа е кафето. Всушност, д-р Булсиевич вели дека тоа е еден од неговите два омилени пијалаци за дигестивно здравје во кои секојдневно ужива. Другата е комбуха.

Но, тој сака да додаде популарна состојка во своето кафе за да ги подобри неговите здравствени придобивки. "Сакам да додавам цимет во моето кафе. Тоа е состојка која секој ја има во својата кујна", открива д-р Булсиевич за „Well and Good“. Тој објаснува дека кафето е богато со полифеноли, растително соединение со моќни антиоксидантни својства кои помагаат во борбата против воспаленијата и штитат од хронични болести и рак.


„Полифенолите се исто така пребиотици, што значи дека можат да го обликуваат микробиомот“, вели д-р Булсиевич. Така, додавањето прстофат цимет, уште еден моќен полифенол, на овој пијалок полн со антиоксиданти, може да помогне дополнително да ги зајакне антиоксидансите во нашето утринско кафе.

Една кафена лажичка цимет содржи повеќе од еден грам влакна

д-р. Булсиевич тврди дека шолја кафе е добар извор на влакна кои ги поддржуваат цревата. „Кафето всушност содржи два вида влакна: растворливи и пребиотични влакна“, објасни тој. Растворливите влакна се сметаат за пребиотици, односно влакна кои ги хранат добрите цревни бактерии.

Сепак, доследноста е клучна кога станува збор за здравјето на цревата, вели д-р Булсиевич. Редовното внесување влакна и растителна храна, пиење многу вода и вежбање придонесуваат за одржување на здравјето на цревата. Иако кафето со цимет не треба да ги замени другите намирници богати со влакна во нашата исхрана, гастроентеролог наведува дека неговото редовно консумирање има свои придобивки за здравјето на цревата.


„Дали можете да добиете повеќе придобивки за здравјето на цревата од салатата? Секако. Но бидејќи повеќето луѓе пијат кафе секој ден, тоа почнува да има сè попозитивен ефект врз нашиот цревен микробиом“, истакнува гастроентерологот.

Освен тоа, ако не сакаме да пиеме црно кафе, додавањето цимет е одличен начин да го направите пијалакот повкусен и истовремено да го подобрите варењето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг