Официјално е: Питер Џексон работи на ново продолжение на „The Lord of the Rings“

Точка

09/05/2024

19:08

2.648

Големина на фонт

а а а

Питер Џексон и студиото „Warner Bros.“ работат на нов филм од серијалот „The Lord of the Rings“, кој ќе ја има својата премиера во 2026 година, потврди „Variety“.

Филмот ќе го режира ѕвездата од оригиналната трилогија, Енди Серкис, кој е најпознат по улогата на Голум. „Warner Bros.“ на прес-конференцијата откри дека Серкис ќе ја повтори својата улога во претстојниот филм кој моментално е познат под насловот „Lord of the Rings: The Hunt for Gollum“.

Џексон ќе го продуцира филмот заедно со сценаристите Френ Волш и Филипа Бојенс, со кои соработуваше на оригиналната трилогија. Извршниот директор на „Warner Bros.“, Дејвид Заслав, изјавил дека Џексон, Волш и Бојенс ќе бидат „вклучени во секој чекор“ од проектот, кој ќе „истражува досега нераскажани приказни“.

Проектот е во рана фаза, а сценариото го пишуваат Волш, Бојенс, Фиби Гитинс и Арти Папагеоргиу. Извршни продуценти на филмот се Серкис, Кен Каминс и Џонатан Кавендиш.

„Голема чест и привилегија е да отпатуваме назад во Средната земја со нашиот добар пријател и соработник Енди Серкис, кој има незавршена работа со тоа „смрдле“- Голум! Како долгогодишни обожаватели на огромната митологија на професорот Толкин, горди сме што соработуваме со Мајк де Лука, Пем Абди и целиот тим на „Warner Bros.“ во уште една епска авантура“, велат Џексон, Волш и Бојенс.

Оригиналната трилогија на Џексон која траеше од 2001 до 2003 година, заработи речиси 3 милијарди долари ширум светот и освои 17 Оскари. Големиот успех на трилогијата доведе до серијалот „The Hobbit“ кој не беше подеднакво критички успешен, но заработи повеќе од 2 милијарди долари на кино благајните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг