Валериј Залужни назначен за амбасадор на Украина во Велика Британија

Макфакс

09/05/2024

14:47

613

Големина на фонт

а а а

Поранешниот врховен командант на украинската армија, Валериј Залужни, денеска е назначен за украински амбасадор во Велика Британија.

Указот за назначување на Залужни беше потпишан од украинскиот претседател Зеленски, кој претходно во март објави дека ја прифатил неговата кандидатура за функцијата, пренесува „Унијан“.

Зеленски на 8 февруари го разреши Залужни од позицијата врховен командант на вооружените сили наведувајќи ги неуспехот на летната офанзива и стагнацијата на ситуацијата на фронтот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг