Борусија Дортмунд вчеравечер го дозна својот ривал во големото финале во Лигата на шампионите, а тоа ќе биде Реал Мадрид кој одново со чудесен пресврт се избори за билет на „Вембли“.
Реал постигна два гола против Баерн и не дозволи да се гледа германски дуел во финалето во Лондон, па иако најголем дел од шпанската јавност ќе навива за „милионерите“ на 1-ви јуни, ќе има и такви кои ќе ги бодат играчите обоени во жолто.
Борусија ќе се обиде да дојде до својата втора титула во Лигата на шампионите и за цел ќе има да го оневозможи Реал да стигне до 15-та, нешто што ќе биде пеколно тешко ако се знае каков процент на успешнот имаат „кралевите“ во финалињата.
„Милионерите“ ќе влезат како аутсајдери и ќе немаат што да загубат на „Вембли“ за три недели отсега, но во период кога ќе има долга анализа и студирање на противникот, Германците добија интересна порака од клуб кој му нанесе еден од поболните порази на Реал во последните две децении.
Алкоркон го победи Реал со 4:0 во 2009-та година и го посрамоти во Купот, па сега од овој клуб испратија сипматична порака до „милионерите“ по вчерашниот епилог на „Бернабеу“.
– Борусија, ако ви треба некој совет за победа над Реал Мадрид, тука сме за вас. Може да зборуваме и на германски, – гласи пораката од Алкоркон.
Oye, @BVB, si necesitas algún consejo sobre como ganar al Madrid, aquí nos tienes
— A.D. Alcorcón (@AD_Alcorcon) May 8, 2024
Wir können ein wenig Deutsch sprechen 😅