[ВИДЕО] Претставничката на Словенија не знаела дека камерите снимаат, па ја почестила танчарката со сочен бакнеж по пласманот во финале на Евровизија

Точка

09/05/2024

15:15

2.988

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се споделува видео од Raiven, претставничката на Словенија на Евровизија, како ја бакнува танчарката откако поминаа во финалето на Евровизија.

Станува збор за Матеа Железник. Многумина почнале да шпекулираат дали тие две се во врска. Сѐ уште не се огласиле по повод на тоа.

Raiven во првата полуфинална вечер ја извела песната „Veronika“. Инспирирана од Вероника Десиничка, грофица, која била прва жена во Словенија осудена на смрт поради вештерство.

Raiven во 2016 година првпат учествувала на Евровизија т.е. словенскиот избор за песна на Евровизија. Ја извела песната „Črno bel“, а се пласирала на второто место.

На споменатото натпреварување повторно настапила во 2017 година со песната „Zažarim“, а во 2019 година со песната „Kaos“. Во декември минатата година било објавено дека таа ќе ја претставува Словенија на 68 издание за песна за Евровизија.


Покрај Словенија, во финалето се пласираа и Србија, Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска и Луксембург.




Спонзорирани линкови

Маркетинг