Видео кое не се виде во телевизискиот пренос: Винисиус го исмевал Кимих на теренот пред последниот судиски свиреж

Дерби

09/05/2024

12:17

1.509

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор беше ноќна мора за Џошуа Кимих на вчерашното полуфинале во Лигата на шампионите, но покрај низата дуели кои ги доби, Бразилецот одново го покажал и своето провокаторско лице во самата завршница од мечот.

Откако Реал Мадрид направи пресврт и поведе со 2:1, Баерн очајнички се обидуваше да стигне до израмнувачки гол, па иако даде преку Де Лихт, истиот не беше признат поради катастрофална грешка на судиите.

Пред да дојде до овој момент и подоцна до последниот свиреж на Марчињак, телевизискиот пренос не успеа да улови една секвенца во близина на корнерот, каде Винисиус го исмевал својот чувар во ситуација кога Реал бранеше резултат.

Кимих во два наврати му ја даваше топката на Бразилецот со цел да ја забрза играта, но Винисиус саркастично мавташе со глава и дозволи времето да тече во корист на домашниот тим.

Ова видео брзо стана вирално на социјалните мрежи и предзивика различни реакции, бидејќи фановите на Реал се воодушевени од Вини, а оние на Баерн и голем дел од неутралните се бесни од потезите на Бразилецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг