[ВИДЕО] Оваа југословенска дива била инспирација групата „Леб и сол“ да го создадат еден од нивните најголеми хитови: Еве и како

Точка

07/05/2024

14:01

3.251

Големина на фонт

а а а

„Као какао“ е еден од најголемите хитови на групата „Леб и сол“, а Влатко Стефановски во извесно интервју открил како настанала ова песна.

„Инспирација всушност беше белградскиот сленг „као“, ’мислим као‘“, се потсетил Стефановски за тоа како настанала песната „Као какао“ од истоимениот албум на „Леб и сол“.

Влатко Стефановски, поранешниот фронтмен на групата „Леб и сол“, говорејќи во емисијата „Музичка индустрија“ на „РТЦГ“, за нивниот најпопуларен албум „Као какао“ од 1987 година, објаснил како се родила насловната песна од албумот.


„Инспирација всушност беше белградскиот сленг „као“, „мислим као“ … Додека го снимавме албумот во студиото често присутна беше Беби Дол, таа тогаш многу гостуваше низ Македонија и доаѓаше и кај нас. И во еден од нејзините разговори со Мишко од групата „Д’Бојс“, често се споменуваше зборот „као“. Во денешен жаргон, „као“ значи „wannabe“, сè е полувистинито или полу-фиктивно“, се сеќавал Стефановски.

„Као какао“ е деветтиот албум на легендарните „Леб и сол“. Излегол во издание на дискографската куќа „Југотон“. Албумот бил придружен со спотови за песните „Мамурни људи“, „Чувам ноќ од будних“ и „Скопје“.


Најголемите хитови од тој албум се: „Чувам ноч од будних“, насловната „Као какао“ и „Чекам кишу“.

Беби Дол на албумот „Као какао“ ги пеела придружните вокали за песната „Фем фатал“, чиј автор е Арсен Дедиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг