Бебе почина по операција на крајниците: Имало интервенција пред само една недела, се истражува причината за смртта

Макфакс

07/05/2024

11:50

937

Големина на фонт

а а а

Седуммесечно бебе од Милано било пронајдено починато во креветчето само една недела по тонзилектомија.

Италијанската полиција веднаш почна да утврдува дали операцијата на крајниците, на која бебето било подложено непосредно пред смртта, има врска со смртоносниот исход.

Родителите на 6 мај го пронашле бебето во неговото креветче и веднаш повикале помош, но веќе било доцна.

Медицинскиот персоналнал направил се, за да го реанимира бебето, дури го пренеле во најблиската болница Форнароли во Магента, но не можеле ништо да направат за да го спасат детето.

Момчето починало во истата болница каде што било оперирано пред една недела, а обдукцијата ќе ја покаже вистинската причина за неговата смрт, пренесуваат локалните медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг