Омилениот зеленчук на Никола Тесла – го нарекуваат „зелено злато“, еве за што сѐ е одличен

Точка

07/05/2024

13:12

7.095

Големина на фонт

а а а

Овој пролетен зеленчук е богат со витамини, минерали и растителни влакна кои се неопходни за одржување на здравјето.

Неговата разновидност и свежина го прават неизоставен дел во избалансираната исхрана. Поради тоа нутриционистот Џесика Шанд, истражувајќи ги нутритивните вредности, открила дека аспарагусот нуди здравствени предности кои често ги надминуваат нутритивните вредности и мултивитаминските суплементи, пренесува „City Magazine“.


„Аспарагусот е еден од најдобрите пролетни дарови кога станува збор за намалување на воспаленијата во телото. Содржат витамин Ц којшто го поддржува имуниот систем, витамин А за здравјето на имунитетот и витамин К за здравјето на коските. Исто така тие се голем извор на растителни влакна кои го промовираат здравјето на цревата“, изјавила таа.

Преполни се со здравствени предности од фолни киселини до витамин Е, овој сезонски зеленчук може да изгледа едноставно.

„Аспарагусот содржи голема количина на растителни пигменти наречени антоцијанини кои се одговорни за нивната боја и имаат моќно антиоксидантско дејство на организмот. Ова е важно затоа што антиоксидантите спречуваат таложење на штетни слободни радикали и можат да го намалат ризикот од хронични болести“, вели нутриционистот.


Во секој случај, било кој вид на аспарагус да го јадете – бел, зелен, розов или виолетов, овој пролетен зеленчук има многу здравствени предности.

Интересно е тоа што аспарагусот го обожувал и Никола Тесла. Тој посветил големо внимание на своето здравје, а менито кое специјално за него било креирано во 1899 година вклучувало токму и аспарагус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг