Сè започнало како маркетиншки трик, а потоа станале омилениот пар на поранешната република: Дражен Петровиќ трагично го загуби животот на 28 години, а таа занемела од тага

Точка

07/05/2024

23:55

14.959

Големина на фонт

а а а

Пејачката Сања Долежал поради маркетинг запловила во врска со легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ, а потоа меѓу нив се родила вистинска љубов и станале еден од најпознатите парови во хрватската историја.

Групата „Нови фосили“ била исклучително популарна во осумдесеттите, а за секој нивни концерт се барала карта повеќе. Сепак, менаџерот Зоран Шкугор сметал дека тоа не е доволно за да останат на врвот, па одлучил да смисли дополнителна атракција.

Имено, пејачката Сања Долежал ја запознал со познатиот кошаркар Дражен Петровиќ, за кој фантазирале многу млади дами, со цел двајцата да започнат романса. Соединувањето на нив двајца првично било само маркетиншки трик кој требало да им го обезбеди медиумското внимание, никој не се надевал дека овој трик ќе се претвори во вистинска и искрена љубовна приказна.


„Тогаш имав 22 години, а во тие години кога се сака, вистински се сака“, пред неколку години раскажала Сања Долежал.

Не се криеле од јавноста. Шетале рака под рака, прегрнати на Плоштадот … Загрепчани им приоѓале, велејќи им дека се прекрасен пар, посакувајќи им брак, деца, среќа … Биле чести гости на загрепските ресторани, а излегувале и во култниот клуб „Saloon“.

Дражен бил маѓепсан од Сања. Како и таа со него. И двајцата биле млади, популарни и слободни. Девојките трчале по Петровиќ, момците лудувале по Сања, но тие двајца тие години живееле еден за друг. Заедно одлично се разбирале и немало место за љубомора. Но, раздвоеноста го направила своето. Дражен играл кошарка низ светот, а Сања имала по 200 концерти годишно.


Емоциите стивнале, а во 1986 година ја довеле врската до крај. И по разделбата останале блиски и се дружеле како пријатели. Останале во добри односи и се почитувале. Петровиќ и понатаму доаѓал на нејзините концерти.

За жал овој однос го прекинала трагедијата. Дражен загинал во тешка сообраќајна несреќа на само 28-годишна возраст, а Сања никогаш не криела колку ја погодила неговата смрт.

„Беше навистина посебен. Страшно го доживеав неговото заминување. Сè уште ми е тешка помислата дека повеќе го нема. Се сеќавам на нашата последна средба на еден концерт“, изјавила Сања.


Вистинската љубов Сања ја пронашла покрај Ненад Шариќ, тапанарот на „Нови фосили“ со кого останала сè до неговата смрт. Се венчале во 1994 година, нивниот брак траел 19 години, а заедно добиле две деца, синот Лука и ќерката Леа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг