Диететичарка советува: Овие три намирници се богати со растителни влакна и го подобруваат дигестивниот систем

Точка

07/05/2024

08:44

5.965

Големина на фонт

а а а

Храната богата со растителни влакна има клучна улога во подобрување на дигестивниот систем и општото здравје на човекот.

Разните вкусни опции вклучуваат зеленчук, житарици и здраво овошје. Некои од овие намирници се богати со растителни влакна кои можат да бидат одличен избор за оброк пред спиење затоа што обезбедуваат утро без дигестивни проблеми.

Диететичарката Дестини Моди открила три најдобри такви намирници.

Леќа

Леќата го поддржува целокупното здравје на дигестивниот систем. Вклучувањето на оваа намирница во вечерниот оброк може да ги постави темелите за полесно утро.


Бадеми

Овој јаткаст плод не е само вкусен меѓуоброк туку и прекрасна опција за поддржување на здравјето на дигестивниот систем. Бадемите се богати со диетални влакна кои имаат клучна улога во поттикнување на здравиот и добар дигестивен процес. Консумирањето бадеми пред спиење може да биде паметен потег за подобро утро.

Моди истакнува дека 30 грама бадеми содржат шест грама протеини, речиси четири грама растителни влакна и витамин Е.

„Свежите и печени бадеми содржат вид влакна кои делуваат како пробиотици. Тоа значи дека служат за хранење на добрите бактерии во вашите црева“, додала таа.

Малини


Малините се одличен избор за меѓуоброк пред спиење кои помагаат во дигестивниот систем. Освен тоа тие се богати со антиоксиданти како флавоноиди и полифеноли кои имаат противвоспалителни својства и можат да заштитат од дигестивни проблеми.

Нивното високо ниво на вода придонесува во хидратацијата, неопходна за одржување на здравиот дигестивен систем.

„123 грама малини содржат само 64 калории и околу осум грама влакна, па можат да послужат како освежувачки, нискокалоричен меѓуоброк доколку сте љубители на слатко“, вели Моди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг