На 23-ти април, водителот Марко Новески објави дека станал татко на близначиња, а во таа прилика ги откри и нивните имиња и ѝ се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
„Добредојдовте Вања и Веда. Фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон. Те сакам!“, напиша Марко во објавата.
Сега, 10-тина дена по нивното раѓање, Марко објави уште една фотографија на која се гледа како ги држи близначињата во прегратки.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој во описот на објавата.