Спортинг ја освои титулата во Португалија

Макфакс

06/05/2024

10:17

1.429

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Спортинг од Лисабон вторпат во последните три години ја освоија титулата во Португалија.

Екипата од Лисабон на две кола пред крајот на првенството има недостижни осум бода повеќе од Бенфика која во неделата вечерта беше поразена на гостувањето кај Фамаликао со 2:0.

Спортинг го одработи својот дел во саботата со победата од 3:0 против Портимоненсе, а Фамаликао потоа направи преостанатите две кола да бидат формалност во борбата за титулата.

Клубот од Лисабон го освои 20. шампионски пехар и се наоѓа на третото место на вечната листа зад Бенфика (38) и Порто (30).



Спонзорирани линкови

Маркетинг