[ВИДЕО] Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Точка

05/05/2024

14:05

6.266

Големина на фонт

а а а

Новиот руски модел на повеќецевниот ракетен фрлач ТОС-3 ќе предизвика огромна штета на украинската армија, изјави пензионираниот полковник на СБУ, воениот експерт Олег Стариков.

– За една година смислија такво нешто што навистина ќе предизвика многу сериозна штета – предупреди Стариков во интервју за каналот „Политека“ на „Јутјуб“.

Невозможно е да се сокрие од термобарична муниција на фронтот, дури и ако украинските војници се спасат од директен удар во засолниште или бункер, тие сепак ќе загинат од детонацијата на тој тип муниција, објасни тој.

Германскиот весник „Велт“ неодамна објави дека Русија има ново „страшно оружје“, модернизиран модел на системот ТОС-3, од кој нема спас ниту во бункер, пишува „Вести онјалн“.

TOS-3 ги зеде најдобрите карактеристики од неговите претходници. Новиот модел ќе има заштитена шасија. Се претпоставува дека фрлачот ќе може да истрела 15 проектили одеднаш.

Борбеното возило ќе има помала тежина и поголема брзина во однос на неговите претходници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг