[ВИДЕО] Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон и тој да игра место мене

Дерби

05/05/2024

13:33

6.055

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ не можеше да се избори за настап кој ќе му помогне на неговиот Денвер да оствари победа над Минесота, а првиот брејк кој го направија „волците“ е гаранција за возбудлива и атрактивна полуфинална серија.

Денвер влезе како фаворит во овие пресметки и актуелниот шампион има желба да го одбрани тронот, но Минесота потврди зошто беше еден од најдобрите тимови во регуларниот дел од сезоната, па со брејкот од 99:106 вети големи возбудувања.

Ентони Едвардс беше незадржлив за Нагетси и тој направи клучна разлика на паркетот, додека Јокиќ беше добар во офанзива, но и доста деконцентриран во одредени моменти од мечот.

Иако постигна 32 поени, Србинот загуби дури седум топки и изгледаше доста изморено на крајот, по што самиот призна дека понекогаш би било добро да има повеќе време за одмор на клупата.

– Минесота е фантастичен и многу талентиран тим. Покажаа зошто беа први на табелата во голем дел од оваа сезона. Да бидам искрен, понекогаш сакам да имам идентичен клон на себе, па да можам малку да излезам и да одморам, а тој да игра на паркетот. Така би можел да се вратам свеж и да бидам поостар, – изјави Јокиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг