Зеленски: Мораме да ја забрзаме испораката на оружје за војниците на линијата на фронтот

Нетпрес

01/05/2024

08:37

1.278

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека е потребно „значително забрзување“ на испораките на оружје од неговите западни партнери за да можат неговите војници да се соочат со руските војници во неколку сектори на фронтот.

Зеленски го изјави ова откако неговиот врховен командант Александар Сирски призна дека украинските сили се повлекле од селата во некои од критичните сектори во двегодишната војна.

„Потребно ни е значително забрзување на снабдувањето со цел значително да ги подобриме способностите на нашите војници“, рече Зеленски.

Особено ја нагласи важноста на испораката на американско оружје, по шестмесечната блокада, како наводно критична за корекција на ситуацијата на клучните точки на повеќе од илјада километри долгата линија на фронтот.


„Овие залихи мора да ја нарушат логистиката на окупаторот и да го отежнат стационирањето на окупираната територија“, додаде Зеленски.

Додека ги набројуваше областите на исток и североисток каде борбите и натаму се интензивни, Зеленски рече дека Русија мора да се турка назад секаде каде што создава притисок.

Соединетите држави велат дека испораките почнуваат да пристигнуваат во Украина по значителната блокада поради повеќемесечните расправии во Конгресот. Меѓутоа, изминатите денови извори од Пентагон потврдија дека клучното вооружување односно ракетите со долг дострел му биле испорачувани на Киев тајно и многу пред да биде донесен законот за најновиот пакет американска помош од речиси 61 милијарда долари.


Русија претходно седмицава објави дека нејзините сили заземале повеќе населени места и села по заземањето на силно утврдениот град Авдиевка во февруари, поместувајќи ја линијата на фронтот од граничните зони на одметнатите украински проруски региони во Донбас.

Главниот командант на Украина, Александар Сирски, рече дека руските сили се насочиле кон освојување на клучниот град Часов Јар, североисточно од Авдиевка, и дека тоа наводно се совпаѓа со руското одбележување на советската победа во Втората светска војна на 9-ти мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг