[ВИДЕО] Американски агент им давал тајни на Русите: Им испратил важни информации, а за само неколку моменти следел „ладен туш“

Точка

30/04/2024

20:50

2.765

Големина на фонт

а а а

Џарех Себастијан Далк (32), поранешен агент на Националната агенција за безбедност (NSA), е осуден на 22 години затвор поради продажба на доверливи информации. Како што пренел порталот „Политико“, Далк се обидел да продаде доверливи информации на таен агент од Федералното биро за истраги (ФБИ) за кого мислел дека е агент на руската разузнавачка служба.

Судијата Рејмонд Мур, по изрекувањето на пресудата, изјавил дека Далк можел да го осуди и на подолга затворска казна, нарекувајќи ја оваа казна од „262 месеци затвор како милост за неговите пресметани намери да се вработи во НАСА за да може да продава доверливи информации“.

„Ова беше очигледно. Беше дрско и, по мое мислење, намерно. Тоа беше предавство и ова беше најблиску до предавство колку што можете да добиете“, зборувал судијата Мур.

Адвокатите на осудениот, кој воедно е и воен ветеран, минатата есен ја признале вината за шпионажа како дел од договорот со обвинителството, поради што барале тој да добие 14 години затвор. Тие го истакнале фактот дека доверливите информации од значење за националната безбедност на крајот не завршиле во рацете на непријателот и дека не е направена никаква штета.

Помошникот јавен бранител, Дејвид Краут, нагласил дека Далк претрпел трауматска повреда на мозокот и дека во четири наврати се обидел да изврши самоубиство. Далк изјавил дека пати од посттрауматско стресно растројство, биполарно растројство и опсесивно-компулсивно нарушување. На судењето демантирал дека неговиот мотив за продажба на тајните информации биле парите.

Според судските документи, Далк, кој работел во НСА околу еден месец, му рекол на тајниот агент на ФБИ дека сака да „предизвика промени“ откако ја довел во прашање улогата на САД во нанесувањето на штета на светот, но исто така рекол и дека има долг од 237.000 долари.

Исто така, тој признал дека одлучил да соработува со Русија бидејќи неговото наследство е „врзано за таа земја“.

На Далк првично му биле исплатени 16.499 долари во криптовалута за изводи од некои документи кои му ги дал на агентот за да му покаже што има, а потоа понудил да му ги продаде останатите информации кои ги имал за 85.000 долари, според спогодбата за признавање вина.

Агентот го упатил да оди до железничката станица во центарот на Денвер на 28 септември 2022 година и да ги испрати документите користејќи безбедна дигитална врска.

Далк пристигнал носејќи го својот лаптоп и најпрво користел интернет врска за да испрати писмо за благодарност на руски јазик во кое навел дека се „радува на нашето пријателство и заедничката корист“. Неколку моменти откако ги префрлил фајловите, бил уапсен од страна на агентите на ФБИ.

Според обвинението, информациите кои Далк сакал да ги продаде на Русија вклучувале процена на заканите за воените офанзивни способности на трета, неименувана земја.

Тие, исто така, вклучувале и опис на чувствителните американски одбранбени способности, од кои некои се однесуваат на истата странска земја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг