[ВИДЕО] Луѓе, ова не би можела да го измислам“: Девојка останала во неверување кога видела што направиле нејзините кучиња – Ова ги преминува сите граници

Точка

30/04/2024

18:37

5.613

Големина на фонт

а а а

Познато е дека домашните миленици се ужасни палавковци кога нивните сопственици се отсутни, но она што го затекнала оваа девојка надминува сè!

„Добри момчиња, но непослушни крадци“, стои во описот на видеото кое собрало многу лајкови.

Имено, кога се вратила дома, оваа сопственичка на две кучиња имала што да види – грицки расфрлани насекаде, чудна тишина и нејзините миленици кои се качиле на фрижидерот и кујнските елементи.

Дополнително, кучето на фрижидерот успеало да „прокриумчари“ кеса со слатки во своето скривалиште.


Девојката не можела да им поверува на своите очи: „Не можев да го измислам ова, луѓе! Да знаев дека ова ќе се случи ќе исчистев пред да почнам да снимам. Ова го затекнав кога дојдов дома … има слатки насекаде. Еко знае дека не смее ова да го прави и повторно е на фрижидерот. Еверест е на кујнскиот креденец, а никогаш претходно не го направил тоа. Колку изедовте??“, запрашала таа.

Иако на многумина им се допаднале овие двајца „престапници“, одредени сепак критикувале дека ваквото однесување не треба да се наградува со слатки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг