[ФОТО] Полуостровот на рајската убавина има морничава приказна: Овде се крие најопасната светска колонија на луѓе кои боледуваат од опака болест

Точка

30/04/2024

16:36

4.980

Големина на фонт

а а а

На северната страна на Молокаи, најмалку посетениот хавајски остров, се истакнува дел од земјата познат како полуостров Калаупапа. На прв поглед изгледа како парче рај со идилично село на западната страна, низа плажи кои го прекриваат океанот, зелени површини и историски светилник.

Изгледот може да измами, бидејќи овој дел од Хаваи се наоѓа во системот на национални паркови поради својата мрачна историја, а не поради убавината.


Опишан е како „место кое ги покажува најлошите и најдобрите човечки реакции на предизвиците на болеста“, бидејќи Калаупапа е најпознатата светска колонија за заболените од Хансенова болест, позната како лепра. Болеста се појавила на островот во текот на 1800-тите и за кратко време се раширила низ заедниците, бидејќи локалното население немало имунитет и потребни лекови.


Социјалната стигма поврзана со деформитетите предизвикани од лепрата создала паника. Луѓето со полесни случаи се лекувале во локалните клиники, но напредните случаи биле перципирани како закана за општеството. Хавајската монархија, предводена од кралот Камехамеха V, тогаш одлучил дека мора да бидат ставени во карантин, а полуостровот Калаупапа бил избран како идеална локација – опкружен со океан и високи карпи. Сите пациенти со тешки случаи на болеста насилно биле донесени со бродови на полуостровот, каде до крајот на животот живееле во изолација.

„Физичките оштетувања и разорните ефекти врз кожата и нервите донеле предрасуди, страв и сегрегација. Пациентите со оваа болест социјално биле изолирани и принудени да живеат во сиромаштија и осаменост“, било наведено во студија на италијанскиот „Универзитет во Бари“ за историјата на лепрата.


Пациентите на полуостровот практично станале затвореници – сопрузи одвоени од сопругите, деца од мајките, семејствата никогаш повторно не се обединиле, без право да го напуштат Калаупапа. Повеќе од 8.000 луѓе починале во карантинот, далеку од своите најмили. Многумина развиле длабоки врски со странци кои своите животи ги посветиле на медицинските, свештеничките и заедничките обврски потребни за грижа на пациентите.


Еден од познатите примери е свештеникот Демиен, подоцна канонизира, кој поминал повеќе од 15 години служејќи на пациентите пред да се зарази и умре од лепра на 49-годишна возраст. Неговата статуа се наоѓа пред Капитол на островот Оаху.

Во април оваа година во регистарот на пациенти сè уште биле осум лица, а околу половина од нив останале засекогаш да живеат на полуостровот. Најстариот наскоро ќе наполни 100 години. Сите тие всушност се поранешни пациенти одамна биле излекувани, бидејќи лековите воведени во 1940-тите ефективно ја намалиле болеста и потребата за принудна изолација.


Тие не се заразни и не претставуваат опасност за посетителите, но одлучиле да останат сами. И покрај напредокот на медицината, предрасудите кон болните остануваат. Поради тоа, некои од нив одлучиле да останат на Калаупапа, кој на крајот станал нивен дом, додека на останатите им било тешко да се адаптираат на животот надвор од изолација.

Калаупапа станал национален историски парк во 1980 година, со намера да ги „зачува спомените и локациите од минатото“.


Тие организирале дневни тури за посетителите кои можеле да се запознаат со историјата на полуостровот, да обиколат повеќе од 200 згради во населбата и да се сретнат со малкуте преостанати жители.

Во стар училиштен автобус, ги обиколиле куќите, поштите, црквите, баровите, продавниците, затворот и полициската станица во Калаупапа. Поради пандемијата Ковид-19 во 2020 година, туристичките посети биле забранети.



Иако 4 години подоцна сите ограничувања на Хаваи биле укинати, националниот парк и понатаму е затворен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг