[ФОТО] Кралот јавно ја изневерил сопругата, а потоа оваа сцена направила хаос: Поради една фотографија се случил голем скандал во данското кралство

Точка

30/04/2024

14:15

6.998

Големина на фонт

а а а

Европските кралства како да не можат без фотошоп-скандали. Една таква афера се случила и во данското кралство откако во петокот била објавена фотографија од кралот Фредерик и кралицата Мери.

Се коментира дека фотографијата е резултат на фотошоп, без реалната состојба во нивниот брак после големиот прељубнички скандал којшто им се случил.

Таа фотографија е нивниот прв заеднички портрет откако беа прогласени за крал и кралица на Данска. Да ве потсетиме, поранешната кралица Маргарета II абдицираше во корист на својот син во февруари минатата година.

Впечатокот на многумина е дека Мери и Фредерик се фотографирани одвоено, а потоа се „додадени“ на заедничка фотографија.

„Грозен фотошоп, толку непристоен“, „Дали ова е фотошоп? Мислам, изгледа како да се фотографирани одвоено, па споени. Мери изгледа прекрасно, а Фредерик, па кралот изгледа како штотуку да станал од кревет“, биле дел од коментарите.

Други истакнуваат дека положбата на раката на кралицата пред раката на кралот изгледа неприродно.


„Изгледа дека кралицата Мери е додадена на фотографијата од кралот. Положбата на рацете не е идентична“, пишувале луѓето на социјалните мрежи.

Како спорни се издвојуваат и деталите зад кралскиот пар, односно белите столбови и златната позадина. На некои фотографијата им се допаднала иако тврдат дека станува збор за фотошопиран портрет.

Фотографијата била објавена месец и половина откако Кенсингтонската палата објави фотографија од Кејт Мидлтон и децата, а истата беше фотошопирана, што призна и принцезата од Велс, па поради тоа се извини.


Реакцијата на данското кралство пак, во однос на фотографијата од Мери и Фредерик е дека не е направена на фотошоп.

Многумина велат дека фотошопот во оваа ситуација има смисла со оглед на гласините дека кралот ја изневерувал сопругата со мексиканската реалити ѕвезда Геновева Казанова со која бил забележан во Шпанија минатата година.


Други сметаат дека поранешната кралица абдицирала за да го спаси бракот на нејзиниот син и снаа кој е многу важен за данското кралство.




Спонзорирани линкови

Маркетинг