Го бакнуваше 19 години постариот Бред Пит: Актерката раскажа како ја учеле „секси изрази на лицето“ кога имала 11 години

Точка

30/04/2024

12:20

3.521

Големина на фонт

а а а

Американската филмска ѕвезда влезе во Холивуд како дете, а многу рано учествуваше во филмски сцени кои вообичаено ги снимаа многу постари актерки.

Холивудската актерка Кирстен Данст има 42 години, играше во многу жанрови, покрај некои од најдобрите актери од многу генерации, соработуваше со одлични режисери, оживуваше интересни ликови и сè се должи на нејзиниот огромен талент, но и на тоа што многу рано влезе во филмската индустрија.


Најголемиот ран успех го доживеа на 11-годишна возраст, кога беше објавен филмот „Интервју со вампирот“ (1994) на Нил Џордан, каде таа глумеше покрај Том Круз и Бред Пит.


Нејзините сцени со Пит беа особено шокантни бидејќи Кирстен, која ја играше вампирката Клаудија, имала задача да го бакне во уста Бред Пит, возрасен маж, 19 години постар од неа. Таа тогаш имала само 11 години.

„Во тој момент бев мало девојче, а тој ми беше како брат“ - изјави Кирстен во интервју за „Vanity Fair“ пред една година. – „Беше многу чудно. Дефинитивно не ми се допадна. Освен тој момент, сè останато беше одлично, на сетот ме третираа како принцеза.“


„Ја мразев таа сцена. Бред ми беше како постар брат на снимањето, тоа е како да го бакнуваш твојот брат. Не знам. Беше чудно да се бакнуваш со постар дечко. И морав да го бакнам во уста, па ми беше одвратно“ – изјавила тогаш актерката.

Данст неодамна даде интервју за британското издание на магазинот GQ, во кое повторно беше прашана за филмот што го одбележа нејзиниот холивудски пробив, а се присети дека нејзиниот учител по глума потоа ја научил како да прави „секси“ изрази на лицето без да биде „невкусно“.

„Работев многу напорно со мојот учител по глума, а тој ме опреми со алатки за да изгледам како да имам секси израз на лицето“ - рекла таа.

„Ќе ми кажеше: „Преправај се дека брат ти си ја бара играчката, а ти знаеш каде е и нема да му кажеш“ - се присетила Данст. - Веднаш ви дава „палав“ изглед, без да се занимавате со работи кои би биле несоодветни за таа возраст.

„Во текот на снимањето се чувствував како помалата сестра на Бред, а Том ми направи да се чувствувам како принцеза. Кога беше Божиќ, ми донесе прекрасна елка во гардеробата. Едноставно на навистина сладок начин ме разгалија“ – изјавила актерката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг