[ВИДЕО] Леброн Џејмс ја напушти прес-конференцијата по новинарско прашање: „Нема да ви го одговорам тоа“

Точка

30/04/2024

09:37

6.334

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс беа елиминирани во плејофот од НБА-лигата од Денвер нагетс со 1-4, а минатата ноќ на прес-конференција пред новинарите се појави Леброн Џејмс.

Еден од новинарите му постави прашање на Леброн, а тој не се двоумеше да го покаже незадоволството од истото, па ја напушти прес-конференцијата.

На прашањето „Дали го одигравте вашиот последен натпревар за Лејкерс?“, по краток молк кошаркарот даде краток коментар: „Нема да ви го одговорам прашањето“, стана од столчето и ја напушти прес-конференцијата.

Повеќе од очигледно е дека ова прашање воопшто не му се допадна на Џејмс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг