[ФОТО] Доктор имал сексуални односи со жени во ординацијата додека пациентите чекале ред надвор: Праќал видеа на медицинската сестра, а вака било откриено сè

Точка

30/04/2024

10:58

11.463

Големина на фонт

а а а

Докторот кој се снимал како имал сексуални односи со жени во ординацијата додека пациентите чекале ред надвор, се соочува со крај на својата медицинска кариера.

Самопризнаениот секс зависник, 40-годишниот д-р Том Плимер, кој се појавил во емисијата „First Dates“ на британскиот „Channel 4“, уште во 2018 година на својот колега му ги покажал порнографските видеа кои ги снимал во ординацијата во Свиндон, а потоа на својата медицинска сестра ѝ пратил 197 фотографии и видеа на кои имал секс со десетици жени, по што била „принудена на врска со него“.

„Medical Practitioners Tribunal Service“ британски суд кој решава поплаки против лекари, добил информации за тоа како во ординацијата поканил две жени кои ги запознал на страниците за запознавање и водел љубов со нив додека му траело работното време.

Имено, тој имал секс со најмалку шест жени во својата канцеларија и испраќал фотографии од својот пенис на својата љубовница додека чекал следниот пациент да дојде од чекалната. Давајќи докази на рочиштето, тој им се извинил на своите поранешни љубовници и пациенти за неговото „одвратно“ однесување.

Д-р Плимер претходно е прогласен за виновен за низа обвиненија поврзани со неговата колешка, вклучително и шетање низ канцеларија со откопчани панталони, испраќање несакана содржина и ставање на нејзината рака на неговиот пенис во ерекција.

Обвинет е и за сексуален чин во ординација, пишува „Daily mail“.

Колешката на сослушувањето изјавила дека започнала „весело пријателство“ со д-р Плимер со разиграни инсинуации, но од март 2018 година тој ѝ се доверил за неговата зависност од секс и размениле околу 5.000 телефонски пораки.

Една порака гласела: „Можам ли да ти кажам една тајна? Ти си ми омилена“. Доктор Плимер ѝ покажал дури 197 фотографии и видеа на кои има секс со други жени.

Во една прилика, во јануари 2019 година, тој ја однел во својата ординација пред да ја стави нејзината рака на своите гениталии.

Имено, д-р Плимер признал дека им испраќал експлицитни видеа на жените, но тврдел дека тие секогаш се согласувале на тоа.

Тој се соочил со 16 обвиненија поврзани со колешката, вклучително и обид да ја бакне без согласност и да ѝ пријде со откопчани панталони. Тој ѝ покажувал и видеа на кои има секс со други жени додека бил на работа.

Д-р Плимер, исто така, се впуштал во сексуална активност за време на работното време со една жена во јануари 2020 година и друга во мај 2020 година. Тој признал дека праќал фотографии од неговиот пенис, од кои сите биле направени на работа. Наскоро се очекува да биде одреден датумот кога ќе му се суди на Плимер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг