Лазаров ќе смета на 20 ракометари за баражот со Фарски Острови

Дерби

29/04/2024

12:59

5.541

Големина на фонт

а а а

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на играчи на кои ќе смета за бараж пресметката со Фарски Острови за пласман на Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Хрватска , Данска и Норвешка.

На поширокиот список беа 36 ракометари, бројка која сега е скратена на 20 со тоа што одново во најтесниот круг ги нема Мартин Поповски и Димитар Димитриоски кои имаат добри партии во нивните Амичитија Цирих и Валјадолид.

Лазаров се реши за тројца интернационалци во Никола Митревски (Порто), Филип Талески (Бенфика) и Никола Костески (Плзен).

На листата се додадени и седум играчи кои ќе го имаат статусот на резерви.

Собирот е закажан за 3 мај во Скопје, дуелите со Фарски Острови се на програмата на 8 и 12 мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг