[ВИДЕО] Ахмети: УЧК е албанска гордост и ја спаси Македонија, да не се враќаме во минатото и да се огорчуваме затоа што викав УЧК

Точка

29/04/2024

12:29

2.581

Големина на фонт

а а а

Да не се враќаме во минатото и да се огорчуваме поради тоа што викав УЧК, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од синоќешниот митинг во Дебар.

Тој рекол дека Ослободителната народна армија (ОНА), во јавноста позната како УЧК, е гордост на Албанците и оти ја спасила Македонија.

„Оваа земја има свое место во Европа и за оваа земја мора да работиме заедно, Македонци и Албанци, а не да се враќаме во минатото и да се огорчуваме затоа што викав УЧК, но УЧК е албанска гордост и УЧК ја спаси Македонија“, рекол Ахмети.

Ахмети дополнил дека формирал фронт со албанските политички партии кој ги вклучил сите заедници.

– Мицкоски има дадено изјава дека наводно му праќам емисар да преговара да влезе во Владата. Христијан, во политиката влегов како востаник и нема да излезам без да се откажам, да се разбереме, народот ме гласа 22 години. Јас формирав фронт со албанските политички партии, но го направив овој фронт непобедлив со вклучување на заедниците кои вие ги презирате, како што се турската, ромската и босанската заедница. Се трудиме овој Устав што го направивме уште поблизок до граѓаните на Република Македонија да ги вклучи бугарската, египетската, црногорската и хрватската заедница. Охридскиот договор и промената на политичко-правниот статус на Албанците не ја уништија Македонија, изјавил Ахмети во Дебар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг