Заработи потешка повреда на коленото: Конли го „собра“ тренерот на Минесота

Дерби

29/04/2024

11:53

3.789

Големина на фонт

а а а

Минесота Тимбервулвс доби уште една битка со Феникс Санс, овојпат со 122-116 што во случајов беше доволно за да се затвори оваа плејоф серија на Западот.

„Волците“ со убедливи 4-0 одат во полуфиналето на својата конференција, но во целата оваа ситуација има и една лоша вест која е поврзана со тренерот Крис Финч.

Финч настрада по еден дуел на Мајк Конли и Девин Букер во завршницата, односно плејмекерот кој беше оттурнат од противникот заврши во тренерот. Ова беше тежок судир, настрада коленото на Крис и како што стојат работите ќе мора да оди под нож.

Минесота во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од Денвер Нагетс-Лос Анџелес Лејкерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг