[ФОТО] „Стевчо собра повеќе потписи од гласови“: Поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Макфакс

25/04/2024

15:18

2.254

Големина на фонт

а а а

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.

Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.

Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.

Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.

И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.

„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.

Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови

Posted by Bekjarovski Niko on Wednesday, April 24, 2024

Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.    



Спонзорирани линкови

Маркетинг