Ла Лига од следната година ќе се игра во САД

Макфакс

25/04/2024

11:46

1.737

Големина на фонт

а а а

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, даде неколку интересни коментари во интервју за „Експансион“.

Тамошната јавност најмногу ја коментира изјавата во која тој отворено призна дека навива за Реал Мадрид. Овој факт е познат одамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Тебас го откри овој детал коментирајќи ја приказната за доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал.

Сепак, претседателот на една од најдобрите светски лиги донесе и по малку шокантна вест за сите љубители на традиционалниот фудбал. Имено, од сезоната 2025/26, некои натпревари од Ла Лига ќе се играат во Соединетите Американски Држави.

Тоа значи дека веќе следната година би можеле да го видиме првиот натпревар од шпанското првенство на американска почва.

„САД е втор најголем пазар за нас, веднаш по Шпанија. Тоа ќе ја зајакне нашата позиција таму. Другите европски лиги веќе работат таму и немаме избор, во спротивно ќе не избришат“, рече Тебас.

Инаку, уште во 2018 година имаше предлог да се игра каталонското дерби меѓу Барселона и Џирона во САД, но УЕФА го блокираше тој потег.



Спонзорирани линкови

Маркетинг