Полска подготвена да ги враќа во Украина воено способните мажи

Нетпрес

25/04/2024

11:44

709

Големина на фонт

а а а

Полскиот министер за одбрана во четвртокот рече дека неговата земја е подготвена да му помогне на Киев што е можно поскоро да ги врати воено способните мажи во земјата, по одлуката на украинските власти дека пасошите за воено способни мажи може да се издаваат само во земјата, што значи дека тие повеќе не може да користи конзуларни услуги за нивно продолжување.

Украинската влада, дополнително во обидот да го надмине недостигот од војници на боиштето, го заостри законите за мобилизација, ја симна границата од 27 на 25 години а во средата донесе одлука дека пасошите може да се издаваат само на мажи на воена возраст и тоа само во Киев.

Регулативите беа објавени еден ден откако министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба ги суспендираше конзуларните услуги за лицата кои ги исполнуваат условите до 18-ти мај и ги критикуваше оние во странство дека не служеле во војната против Русија.

Последната владина одлука предвидува дека пасоши може да се издаваат на мажи на возраст од 18 до 60 години само во Украина, поточно во Киев. Стотици илјади Украинци, кои се сметаат за борбено способни, живеат во странство, бидејќи земјата се соочува со недостиг на војници во нејзината војна против подобро опремената и поголема руска армија.

На Украина, по големите загуби во жива сила, очајно ѝ се потребни војници на фронтот па изминатите месеци започна со регрутација на жените и на повозрасните мажи, а Кулеба смета дека е неправедно некои да останат во странство додека нивните сограѓани умираат на бојното поле.

„Воопшто не сум изненаден што украинските власти прават сѐ за да испратат војници на бојното поле. Долго време дававме до знаење дека можеме да ѝ помогнеме на украинската страна да ги врати во Украина мажите кои се предмет на законот за задолжителна воена служба“, изјави полскиот министер за одбрана на Владислав Косињак-Камиш за полската комерцијална телевизија Polsat.

На прашањето дали неговата земја ќе одговори позитивно на можното барање на Киев, Полска да ги префрли мобилизираните мажи во Украина, Косињак-Камиш одговори дека „сѐ е можно“.

Стотици Украинци вчера се упатија кон канцеларијата за пасоши, видно лути по последната одлука на Киев да суспендира некои конзуларни служби. Но, канцеларијата веќе беше затворена, известува Reuters.



Спонзорирани линкови

Маркетинг