[ФОТО/ВИДЕО] „Што е ова, луѓе?“ – Африканска прашина ја парализирала Атина: Никој не може да верува дека градот изгледа вака

Точка

23/04/2024

21:28

7.493

Големина на фонт

а а а

Неверојатна сцена од Грција ги шокираше не само граѓаните на Атина, туку и сите корисници на „Фејсбук“ каде што беше објавена фотографијата од „африканската прашина“. Имено, извесен маж забележал необична сцена, небото е целосно портокалово, а од прашината е создадена магла од која речиси ништо не се гледа.

„Африканска прашина, не е филтер! Блејд Ранер во Атина! Вака би изгледала Атина на Марс“, се вели во објавата на „Фејсбук“.






Таканаречената „африканска прашина“ не е само необична појава во воздухот, туку и многу штетна за здравјето.

Експертите во Грција предупредиле дека африканската прашина, која влијае на атмосферата, е токсична и штетна по здравјето на луѓето.

Африканската прашина содржи ситни честички кои се комбинираат со полен, бактерии и габи, создавајќи токсична смеса која е штетна за здравјето на луѓето, особено за респираторниот систем.




Спонзорирани линкови

Маркетинг