Тест на личност открива зошто немате среќа во љубовта: Обликот којшто прв ќе ви привлече внимание покажува дали сте подготвени да ја сретнете сродната душа

Точка

23/04/2024

20:12

4.746

Големина на фонт

а а а

Овој едноставен тест на личноста открива зошто сѐ уште не сте ја сретнале сродната душа, како и кога ќе се појави љубовта во вашиот живот.

Љубовта често нѐ тестира низ животот, од некои односи учиме, во некои се развиваме и уживаме, но некои нѐ разочаруваат.

Сите тие искуства влијаат на нас, а можат да се одразат и на идните односи. Она што треба да го отфрлиме е стравот од повторно изневерување и повредување затоа што таквиот став спречува наоѓање на сродната душа и остварување на љубовта.


1. Доколку прво ја забележавте коцката

Вие тежнеете кон интимност и верувате дека љубовното искуство може да ве направи целосна личност. Тежнеете кон цврст и стабилен однос којшто има јасна структура. Сакате љубовта да трае цел живот, а склони сте да прекинете познанство со некој доколку гледате дека врската нема да оди во посакуваниот правец. Понекогаш оваа карактеристика ви помага во спречување болни ситуации, но неретко се случува да пропуштите можност за љубов затоа што некому не сте му дале шанса. Кога следниот пат некој ќе наиде во вашиот живот, потрудете се барем малку подобро да го запознаете.

2. Доколку прво го забележавте кругот

Се чувствувате осамено затоа што сте склони кон повторување на грешките во барањето партнер. Свесни сте дека имате свој тип на идеален маж, но на некој необјаснив начин таквите врски никогаш не излегуваат како што треба. Неретко крајот на љубовните односи делува така што се чувствувате повредено и неразбирливо. Следниот пат кажете „не“ кога ќе сретнете личност која споделува карактеристики на некои од поранешните партнери и отворете се кон пронаоѓање на емпатични и проактивни типови на луѓе.


3. Доколку прво забележавте пирамида

Доколку ја забележавте пирамидата, се чувствувате осамено затоа што се плашите да бидете врзани. Еден дел од вас навистина тежнее кон пронаоѓање љубов, но другиот се плаши дека љубовта ќе го гуши. Осврнете се околу себе и ќе забележите дека луѓето сепак уживаат во љубовта, а дека притоа имаат свои интереси, желби и хобија без оглед на постоењето партнер во нивниот живот. Можеби првиот момент за решавање проблеми и трауми кои немаат врска со другата личност, е решавањето на проблемот во вас. Дури кога сме во мир со себе, ќе бидеме подготвени да се посветиме на другата личност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг