Ен Хатавеј се присети на ужасната аудиција на која морала да бакне 10 колеги

Точка

23/04/2024

17:40

3.755

Големина на фонт

а а а

Ен Хатавеј вели дека тестирањето на хемијата меѓу актерите во раните 2000-ти било одвратно, пренесува „IndieWire“.

Во интервју за магазинот „V“, актерката се присетила на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие ми рекоа: Денеска доаѓаат десет момци, а ти ја добивш улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнеш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена, туку напротив, тоа ми звучеше одвратно.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека со тебе е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснува Хатавеј. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде лош кон мене. Сепак, тоа беа различни времиња, а денес знаеме подобро“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм „The Idea of You“, кој пристигнува на „Prime Video“ на 2 мај. Во филмот актерката игра 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.


Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „South by Southwest“, кој се одржа во март годинава. Критичарите на „Rotten Tomatoes“ го оценија со 95 проценти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг