[ВИДЕО] Петар Грашо откри: Да имав животно мото, пет пати ќе го прекршев

Точка

23/04/2024

11:03

1.795

Големина на фонт

а а а

Петар Грашо се сети на некои важни совети кои ги добил низ годините, во неговата музичка кариера.

„Никогаш не сум го прашал Оливер Драгојевиќ да ми даде некој голем животен совет или некое мото. Јас да имам мото, пет пати би го прекршил. Нема мото, има само начин на живот. Но, Оливер секогаш ми велеше: Петар, што и да правиш, биди свој. И ако морам да изберам некој совет од некого, тоа е таа реченица“, рече хрватскиот пејач во емисијата „Еден на Еден“ кај Жаре. Грашо на 26, 27 и на 29 април ќе одржи концерти во Скопје а на 30 во Струмица.

Целата емисија од вториот дел од разговорот со Грашо е достапна на јутјуб каналот на „Еден на Еден“:



Спонзорирани линкови

Маркетинг