Зеленски му се заблагодари на Бајден за најавата за „брза“ воена помош

Нетпрес

23/04/2024

07:56

737

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за новиот пакет воена помош што конечно беше одобрен од Претставничкиот дом и кој треба „брзо“ да стигне до војниците кои ја чекаат на фронтот.

Според Бајден, овој придонес од речиси 61 милијарда долари, кој наскоро конечно ќе биде ратификуван од Конгресот, ќе одговори на „итните потреби на Украина на бојното поле“, како и во однос на воздушната одбрана.

Блокирана со месеци од политичките внатрешни борби во Вашингтон, одлуката за помош е дочекана со олеснување во Украина, каде ситуацијата на бојното поле значително се влоши во последните седмици.

Како што тврди Киев кој се судира со тешкотии во мобилизацијата, соочени со побројната и подобро опремена руска армија, украинските сили се принудени да отстапуваат од многу позиции, како што беше потврдено од најавата на Москва во понеделникот за заземање нови територии на истокот.

Во телефонскиот разговор Зеленски рекол дека му е „благодарен на Џо Бајден за неговата непоколеблива поддршка за Украина“. Рекол и дека очекува „брза и силна“ помош, која ќе ги „зајакне нашите противвоздушни, далекустрелни и артилериски одбранбени способности“.

Бајден вети дека ќе ја обезбеди оваа нова пратка „брзо“ штом американскиот Сенат ќе гласа за неа, откако Претставничкиот дом го стори тоа во саботата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг