[ВИДЕО] Велигденска торта готова за 15-на минути: Овошна, сочна, богата и полна со фил – без печење

Точка

22/04/2024

21:17

9.860

Големина на фонт

а а а

Велигден е празник за којшто посебно се подготвуваме, а подготовките започнуваат со собирање рецепти.

Брзата, а повторно свечена торта е совршена за празник каков што е Велигден. Еве што е потребно за да ја направите оваа торта која не се пече.

Состојки:

- 1 пакетче бисквити;
- 10 лажици шеќер во прав;
- 3 банани;
- 800 грама јагоди;
- 350 грама крем банани;
- 1 литар јогурт;
- 2 павлаки од 180 грама;
- 200 грама чоколадо;
- 150 милилитри слатка павлака.

Подготовка:

Бисквитите скршете ги и поделете ги во две чинии на еднакви делови. Во секоја чинија додадете по пет лажици шеќер во прав. Исечкајте ги бананите, па додадете ги во едната чинија.

Исечкајте ги јагодите, па додадете ги во другата чинија. Крем бананите исечкајте ги и додадете ги во чинијата со банани.

Јогуртот и двете павлаки изматете ги. Поделете ги на два дела и прелијте ги бисквитите со овошје. Изматете. Во 150 милилитри слатката павлака растопете го чоколадото.

Во голем калап прво ставете го филот со банани, па ставете го во фрижидер да замрзне. После додадете го филот со јагоди и повторно вратете го калапот во фрижидер.

Над тортата додадете го растопеното чоколадо, украсете со јагоди, па послужете.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг