Нутриционисти: Оваа суперхрана може да го намали ризикот од деменција и рак на дебелото црево

Точка

22/04/2024

10:24

5.759

Големина на фонт

а а а

Консумирањето здрава и урамнотежена исхрана може да помогне во подобрување на нашето физичко и ментално здравје, а некои намирници дури можат да спречат и одредени состојби и болести, покажуваат бројни студии. Затоа, сите ние бараме храна која може да нè направи поздрави и која воедно има добар вкус. Сепак, понекогаш може да биде тешко да се пронајдат такви намирници кои можат да нѝ помогнат во остварување на таа цел.

Меѓутоа, се покажало дека консумирањето поголема количина зелен лиснат зеленчук може да има бројни здравствени придобивки, па дури и да помогне во забавување на падот на когнитивните способности поврзани со стареењето.


Зелениот лиснат зеленчук се смета за основна храна за мозокот

Како што пишува „The Times“, лиснатиот зеленчук како спанаќот, кељот, зелката и зелената салата се сметаат за основна храна за мозокот поради есенцијалните хранливи материи, вклучувајќи витамин К, лутеин и фолати, како и низа корисни растителни флавоноиди.


Нутриционистите од Универзитетот Раш во Чикаго велат дека дневната порција лиснат зеленчук го забавува когнитивниот пад поврзан со стареењето. Луѓето кои јаделе две или повеќе порции лиснат зеленчук дневно имале подобро помнење од некој кој бил 11 години помлад од нив.

Покрај тоа, според студијата во која учествувале 70.000 луѓе, спроведена од страна на „World Cancer Research Fund“, редовното консумирање на лиснат зеленчук може да го намали ризикот од рак на дебелото црево за дури 7 отсто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг