[ВИДЕО] Украина првпат урна руски стратешки бомбардер? Моќниот „Tu-22 M3“ влегол во заседа, загинал пилотот, шок за Москва

Точка

19/04/2024

18:19

3.997

Големина на фонт

а а а

Украина тврди дека во петокот наутро урнала руски стратешки бомбардер „Tu-22M3"!

Командата на воздухопловството на Вооружените сили на Украина соопштила дека ноќта меѓу четвртокот и петокот соборила 15 проектили и 14 дронови, но и суперсоничен „Tu-22M3“.

„Противвоздушните ракетни единици на Военото воздухопловство во соработка со Главната разузнавачка управа прв пат уништија далекосежен стратешки бомбардер „Tu-22M3“, носач на крстаречки ракети „X-22“, кој руските терористи го користат за напад на украинските градови“, се наведува во соопштението.

Украина тврди дека прв пат успеала да собори крстаречки ракети „X-22“.

Рускиот авион „Tu-22M3“, потсетуваме, се урнал во петокот на Ставропољската територија на Руската Федерација. Четворица членови на екипажот се катапултирале, двајца пилоти преживеале, третиот загинал, а потрагата по четвртиот, според последните информации, и натаму трае.

Бомбардерот се враќал од борбена задача на матичниот аеродром. Претходно наводно лансирал ракети „X-22“ над цели кај Одеса. Некои украински воени блогери неофицијално наведуваат дека авионот го погодила ракета од комплексот „S-200“.

Министерството за одбрана на Русија соопштило дека „Tu-22M3“ се урнал поради технички дефект.


На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како стратешкиот бомбардер гори додека паѓа.

Авионот, според неофицијални информации, се урнал на 400 километри од границата со Украина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг