„Жените изгубија почит кон сопрузите“ – Ставот за бракот на Слобода Миќаловиќ кој предизвика лавина коментари: „Се променивме, но на полошо“

Точка

19/04/2024

10:19

9.257

Големина на фонт

а а а

Слобода Миќаловиќ своевремено говорела за бракот, а една нејзина изјава тогаш предизвикала лавина коментари.

Актерката тогаш истакнала дека еден од главните проблеми на денешните бракови е тоа што жените ја изгубиле почитта кон своите сопрузи.

Во таа прилика, Слобода зборувала за хероината Симка Катиќ, која ја толкувала во екранизацијата на романот „Корени“.


„Мислам дека се променивме, но на полошо. Се еманципиравме и баравме да бидеме самостојни, но мислам дека со тоа себеси си направивме поголем проблем. Имам 37 години и не сум сигурна дека би можела да живеам како што живеела Симка. Мило ми е да бидам своја, да имам свое парче леб, да се прашувам јас за одредени работи, сè што тогаш било невозможно и неприфатливо. Но, си поставивме тешка задача – да бидеме и мајки и домаќинки, и успешни жени и сопруги, и убави и негувани“, зборувала Слобода и додала:


„Ние денес го изгубивме тој однос, односно почитта кон нашите сопрузи. Ние сме многу брзи на јазик, а тоа нè чини. Тие беа помудри. Ми се чини дека на жените им е дадено од природата да бидат мудри, а на мажите им е дадена сила. Мислам дека тоа малку го користиме, повеќе би сакале вербално да се расправаме со нив, да бидеме силни, а не треба – едноставно не треба“, своевремено зборувала актерката во емисијата „Балканска улица“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг