„Светот на Биби“ на 36-то издание на Саем на книга

Точка

18/04/2024

16:15

580

Големина на фонт

а а а

Почнувајќи од денес, па сѐ до 24 април, „Светот на Биби” ќе учествуваат на 36. издание на Саем на книга во Арена „Борис Трајковски" - Скопје.

За најмалите имаат подготвено нешто специјално што ќе го направи нивното присуството уште поинтересно - нови, креативни друштвени мини игри, попусти, сликовници и многу, многу изненадувања! Најзабавно од сѐ? Ќе имаат специјален гостин арт-директорот во „Светот на Биби” - Михајло Димитриевски, познат како Тхе Мичо!


В недела, од 12 часот, на штандот на Биби илустраторот ќе го претвори детскиот имагинарен свет во реалност. Ги обожаваат пиратите? Готово! Зазулчиња? Нема проблем! Биби, Боби и целата дружина? Секако! Сите мали и големи обожаватели се поканети да им се придружат на оваа магична, креативна цртачка сесија!

Со настанот под наслов „Магијата на илустрацијата во светот на Биби” Саемот на книгата ќе биде место каде што ќе се сретнат уметникот и децата и заедно ќе го оживеат светот на илустрацијата!



Спонзорирани линкови

Маркетинг