Ковач за можноста да го преземе Ливерпул: Секогаш многу се пишува…

Дерби

17/04/2024

11:52

638

Големина на фонт

а а а

Ливерпул е во потрага по нов тренер кој ќе ја зазема позицијата на Јирген Клоп кој одлучи да си замине по крајот на актуелнава сезона.

Во различни периоди актуелно се различни имиња, едно време во прв план беше Чаби Алонсо се додека Шпанецот не се огласи и порача дека останува во Баер Леверкузен. Сега се говори за Рубен Аморим од Спортинг за кого се појавија информции дека веќе се договорил, вест која потоа ја демантираше самиот стратег кој сепак ги остави отворени сите опции.

Интересно е тоа што медиумите во трката го ставија и Нико Ковач кој последниот ангажман го имаше во Волфзбург каде заработи отказ во текот на оваа сезона.

Хрватот доби можност да проговори за ова и беше многу искрен, па порача:

- Секогаш многу се пишува, ама нема ништо од тоа, - истакнал Нико.



Спонзорирани линкови

Маркетинг