На „Netflix“ пристигна една од најпотресните серии некогаш, критичарите ѝ дадоа максимална оцена

Точка

16/04/2024

15:16

3.410

Големина на фонт

а а а

На „Netflix“ пристигна серијата „Baby Reindeer“ на Ричард Гад. Ричард го игра Дони Дан, чиј живот целосно се менува откако ќе одлучи да започне кариера како стенд-ап комичар во Лондон.

По оваа одлука, почнува да го демне една жена по име Марта, која ја глуми Џесика Ганинг. Во серијата се прикажани и минатите трауми на Дони преку кои Гад всушност го опишува сексуалното злоставување низ кое поминал.

Како што однесувањето на Марта станува поопсесивно, а на Дони сè подеструктивно, тие двајца тонат сè подлабоко и подлабоко. Само некои од темите опфатени во оваа серија се: менталните болести, чувството на вина, осаменост, копнеж, самопрезир, зависност од дрога, очај и надеж.

Ребека Николсон, филмска критичарка која пишува за „Guardian“, меѓу другото наведува дека четвртата епизода, во која дознаваме повеќе за состојбата на умот на Дони, е една од највознемирувачките епизоди што ги гледала во последно време.

„Baby Reindeer“ има вкупно 7 епизоди. Серијата е снимана од август 2022 до март 2023 година во Лондон и Единбург, а е објавена на „Netflix“ на 11-ти април 2024 година.


На „Rotten Tomatoes“ има оцена 100, а многу гледачи ја нарекоа една од најпотресните серии некогаш.

„Серијата е многу мачна, но не можам да престанам да ја гледам. Маестрално кинематографско дело“, „Синоќа ги изгледав сите епизоди и ќе ми требаат три до пет дена за да закрепнам“, „Брилијантна серија“, се некои од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг