[ВИДЕО] Каков е животот во „држава“ која официјално не постои

Точка

16/04/2024

11:45

4.513

Големина на фонт

а а а

На ТикТок беше објавено видео кое покажува како изгледа животот во „држава“ која официјално не постои - Придњестровска Молдавска Република.

Придњестровје е дел од територијата на Молдавија лоцирана покрај левиот брег на Днестар. Областа е претежно населена со Руси и Украинци. На молдавски јазик, овој регион се нарекува Придњестровје.

Власта во оваа област ја има самопрогласената Придњестровска Молдавска Република (понекогаш позната како Придњестровска Република), прогласена на 2 септември 1990 година.

Најголем и главен град на оваа самопрогласена република е Тираспол, каде живеат околу 130.000 жители.

И покрај тоа што Обединетите нации не ја признаа Придњестровската Молдавска Република како независна држава, таа работи на сличен принцип како и другите непризнаени републики, како што се Абхазија и Јужна Осетија, кои одржуваат силни врски со Руската Федерација.

Објавеното видео кое досега собра повеќе од два милиони прегледи покажува дека Приднестровје е сиромашна област.

„Придњестровје е како современиот Советски Сојуз“, „Сакам да го посетам ова место. Дали сум чуден?“, „Колку е ова депресивно“, „Ова е пример зошто треба да се забрани комунизмот“, се дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг