5 намирници кои задолжително треба да ги јадете за здраво срце – помагаат во контролата на лошиот холестерол, шеќерот во крвта...

Точка

16/04/2024

23:41

8.892

Големина на фонт

а а а

Магнезиумот е исклучително важен минерал којшто треба да го внесуваме секојдневно заради повеќе енергија и оптималното здравје на срцето.

Магнезиумот е вклучен во стотина хемиски реакции во нашето тело и помага во одржување на доброто здравје, но многу од луѓето не ја достигнуваат дневната вредност од 420 милиграми.

Сепак, овие дневни потреби лесно можат да се задоволат и со јадење храна богата со магнезиум и така да се одржи здравјето на срцето, пренесува „Healthline“.

1. Темно чоколадо

Темното чоколадо е богато со магнезиум, со 65 милиграми од порција што е околу 15 отсто од потребното дневно внесување. Исто така тоа е богато со железо, бакар и манган и содржи пробиотски влакна кои можат да помогнат во хранењето на корисните бактерии во цревата.

Темното чоколадо особено е корисно за здравјето на срцето затоа што содржи флаваноли, моќни антиоксидантски соединенија кои спречуваат оксидација на LDL холестеролот и негово „лепење“ за клетките кои ги обложуваат артериите.


2. Авокадо

Авокадото е неверојатно хранливо овошје и вкусен извор на магнезиум. Едно средно авокадо обезбедува 58 милиграми магнезиум, што е 14 отсто од дневната вредност.

Авокадото исто така е богато со калиум, витамин Б и витамин К. Освен тоа, за разлика од поголем дел од овошјата има многу масти, особено монозаситени кои се здрави за срцето.

3. Ореви

Оревите се посебно богати со магнезиум, а тука спаѓаат и бадемите, индиските ореви и бразилските ореви. Една порција индиски ореви содржи 83 милиграми магнезиум или 20 отсто од дневниот внес.

Јаткастите плодови се добар извор на растителни влакна и монозаситени масти и го подобруваат нивото на шеќер и холестерол во крвта кај лицата со дијабетес.

4. Риба

Рибата воопшто, а особено помасната риба содржи многу магнезиум. Тоа вклучува лосос, скуша и други видови морска риба. Во суштина, порција од 100 грама лосос содржи 30 милиграми магнезиум што е 7 отсто од дневната потреба за магнезиум. Исто така тој изобилува и со импресивни 22 грама протеини со висок квалитет.

Покрај тоа рибата е богата со калиум, селен, витамин Б и разни други хранливи материи.


5. Банани

Бананите се најпознати по високото количество на калиум којшто помага во намалување на крвниот притисок и поврзан е со намалените шанси од срцеви заболувања.

Освен тоа тие се богати со магнезиум, со 37 милиграми или 9 отсто од потребниот дневен внес.

Бананите содржат и витамин Ц, витамин Б6, манган и растителни влакна. Зрелите банани имаат повеќе шеќер и јаглехидрати од другото овошје, така што не се добри за луѓето кои се на диета.




Спонзорирани линкови

Маркетинг