Љубовта на Роберто Кавали беше 45 години помладата манекенка, дизајнерот ѝ купи остров

Точка

13/04/2024

18:41

10.205

Големина на фонт

а а а

Покојниот дизајнер Роберто Кавали беше во љубовна врска со шведската манекенка Сандра Нилсон, која беше 45 години помлада од него.

Тие започнале да се забавуваат во 2008 година, кога таа имала 23 години. Кавали ѝ купил остров во Шведска вреден речиси 4 милиони долари. На него се наоѓа вила со терен за голф, четири спални соби, базен итн.


Во март минатата година парот доби син, а Роберто тогаш изјави за списанието „Novella 2000“:

„Неговото име е Џорџо, како неговиот дедо, татко ми, кој беше застрелан од нацистите кога имав четири години“.

Во изминатите неколку години странските медиуми шпекулираа за нивната венчавка, но тоа не се случи. Роберто беше во брак со Силванела Џанони од 1964 до 1974 година. Со неа доби две деца - Томазо и Кристијана.


„Запознав девојка која ја засакав и првите заработени пари ги дадов на венчавката. За првпат водевме љубов вечерта кога се венчавме, откако се познававме четири години. По 9 месеци и 10 дена добивме ќерка“, рече тој во интервју за „Vogue“ во 2011 година.

Кавали се ожени со поранешната мис Австрија, Ева Марија Дурингер, во 1980 година. Со неа има три деца – Ракеле, Даниеле и Роберт. Парот се разведе во 2010 година.

За потсетување, познатиот дизајнер почина вчера на 83-годишна возраст, по долго боледување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг