Беше секс симбол во 80-те, а денес ретко се појавува во јавноста поради болеста

Точка

10/04/2024

16:05

7.211

Големина на фонт

а а а

Кетлин Тарнер (69) последните години живее подалеку од јавноста. Актерката неодамна била забележана за време на прошетка во Њујорк. Поради болеста таа оди со бастун и изгледа непрепознатливо.

На врвот на кариерата на Кетлин, во средината на 90-те, ѝ беше дијагностициран ревматоиден артритис. „Во тоа време, тие немаа лекови кои би можеле да го запрат развојот на болеста“, рече таа пред неколку години. Болеста се одрази на нејзината кариера бидејќи не смеела многу да се движи.


Беше секс симбол во 1980-те

Американската актерка својата кариера ја започна кон крајот на 70-те години во сапуници. Своето филмско деби го имаше во 1981 година во еротскиот трилер „Body Heat“ и благодарение на таа улога стана позната низ целиот свет.

За да се оддалечи од улогите на фаталните жени, Тарнер започна да глуми во комедии и авантуристички филмови. Нејзините улоги во филмовите „Romancing the Stone“, „The Jewel of the Nile“ и „Prizzi's Honor“ ѝ донесоа статус на филмска ѕвезда и еден од најголемите секс симболи во 1980-те.


"Ме сметаа за секс-симбол, силата на мојата привлечност беше навистина предност во добивањето улоги со години, но тоа воопшто не влијаеше на тоа што јас ќе изберам. Се изборив за себе и покрај мојот изглед", рекла таа еднаш.

Од 2000-те, Кетлин се посвети на улоги во телевизиски серии, па така е позната по ликот на трансродовиот татко на Чендлер во серијата „Friends“ и по улогата во серијата „Californication“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг