4. Стопанска Триоги триатлон 2024 на 19 мај во Скопје

Точка

29/03/2024

15:43

1.012

Големина на фонт

а а а

Четвртиот градски триатлон - спринт дистанца Стопанска Триоги триатлон 2024 ќе се одржи на 19 мај 2024 година во Скопје. Стартот и целта на натпреварот ќе бидат во Спортскиот центар „Борис Трајковски". Пливачкиот сегмент ќе се одржи на Базенот „Борис Трајковски", за велосипедскиот сегмент ќе се користи дел од булеварот Илинден, а трчањето ќе биде околу спортскиот центар.

Ова е настан на кој може да учествуваат натпреварувачи од сите можни возрасти и нуди идеални услови за почетници и професионалци од овој спорт.


-И оваа година ветуваме трка со која Скопје и спортската јавност ќе се гордее. Очекуваме и годинава да го достигнеме максималниот број учесници што условите ни го овозможуваат - 300 и се надеваме дека Скопје сè повеќе гордо ќе стои на мапата на европски триатлон градови. Во овие тешки времиња за спортот, благодарни сме на сите поединци и општествено-освестени компании што ни помагаат да го организираме настанот, особено нашиот главен спонзор Стопанска лизинг - вели Данчо Ѓорѓијевски, организатор на трката од клубот „Триоги рејсинг“ од Скопје.

Настанот се реализира со техничка поддршка на Триатлон федерација на Северна Македонија.

Пријавувањето ќе биде отворено до 9 мај 2024 или до пополнување на максималниот број на учесници.


Kaтегории:

- Сениори (2004 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

- Јуниори (2005-2008): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

- Кадети (2009-20011): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.

- Деца 2 (2012-2014): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање;

- Деца 1 (2015 и помлади - рекреативна категорија): 75м пливање, 2км велосипед, 500м трчање;


- Мастерс 1 (1994-1985): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

- Мастерс 2 (1984-1975): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

- Мастерс 3 (1974 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

- Тимски триатлон: Tимoвите треба да се состојат од 3 члена (барем еден учесник од машки и еден од женски пол). Секој учесник штафетно одработува по една од дисциплините на спринт дистанцата: 750м пливање, 20км велосипед или 5км трчање.

Минималната возраст за велосипед сегмент и за трчањето е 16 години, а за пливањето е над 10 години со изјава од родител.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг