[ФОТО] Марија Шерифовиќ привлече внимание со нов луксузен автомобил пред студиото на „Ѕвездите на Гранд“

Точка

28/03/2024

13:18

4.008

Големина на фонт

а а а

Марија Шерифовиќ пристигна на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во ново лимено милениче и привлече големо внимание.

Имено, таа купила ново БМВ чија цена е околу 200.000 евра. Не била расположена да разговара со присутните фоторепортери, само накратко кажала дека е добро.


Се чини дека пејачката е голем обожавател на оваа марка на автомобили, со оглед на тоа што и нејзиниот претходен автомобил беше од истиот бренд.


Неодамна директорот на Гранд, Саша Поповиќ, го привлече вниманието пред студиото на „Ѕвездите на Гранд“ појавувајќи се во Ферари вредно повеќе од половина милион евра.


Инаку, Марија Шерифовиќ е посветена на растењето на синот и секој слободен момент го поминува со него. Таа неодамна на Инстаграм објави нивно заедничко видео од плажа со натпис: „Мој“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг