На социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото на кое вчера околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2).
На видеото се гледа автомобил кој бргу поминува околу 13.47 часот, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13.45 часот, како што рекла мајка ѝ.
Ovo je snimak kamere sa komšijske kuće u vreme Dankinog (2) nestanka pic.twitter.com/Thng7AILyV
— larakorft (@larakorft1) March 27, 2024
Засега не се знае дали возачот на автомобилот има информации за исчезнувањето на девојчето или дали го видел девојчето, со оглед на тоа што времето на нејзиното исчезнување и поминувањето на возилото не се совпаѓаат.
Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото на кое исчезна Данка, пишуваат медиумите.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна вчера околу 13.45 часот во Бањско Поле кај Бор, а во потрагата по девојчето беа вклучени сите дежурни служби на полицијата, а системот „Најди ме“ е активиран за првпат во Србија.