Лиам Нисон ќе ја игра главната улога во рибутот на славната криминалистичка комедија

Точка

29/02/2024

16:30

3.577

Големина на фонт

а а а

Лиам Нисон ќе ја игра главната улога во рибутот на познатата криминалистичка комедија „Гол пиштол“ (The Naked Gun), пишува магазинот „People“.

Филмскиот серијал во кој главната улога ја игра починатиот Лесли Нилсен е продолжение на хумористичната серија „Police Squad!“. Серијалот се состои од три филма објавени во 1988, 1991 и 1994 година. Сите три филма беа критички и комерцијални успеси.

Нилсен во пародијата на популарните крими филмови го толкуваше полицискиот поручник Френк Дребин. Во споредни улоги се појавија бројни холивудски ѕвезди и познати личности, од Присила Присли и О. Џеј Симпсон до Џорџ Кенеди и Ана Никол Смит.


Студиото „Paramount“ потврди дека на рибутот нема да работат оригиналниот режисер и сценаристите Дејвид и Џери Закер, Пет Профт и Џим Абрахамс. Наместо нив, филмот ќе го режира поранешниот сценарист на емисијата „Saturday Night Live“, Акива Шафер, а ќе го продуцира Сет Мекфарлан, творецот на серијата „The Family Guy“.

Сценаристот Пет Профт изјави дека рибутот може да биде успешен, но сепак е разочаран што студиото не побарало од оригиналниот тим да се вклучи во проектот.

Рибутот на „Гол пиштол“ ќе ја има својата премиера на 18-ти јули 2025 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг