[ВИДЕО] „Синот режира, а славната мајка споделува страсти со друга жена“: Кралицата на бикинито во никогаш пожешки кадри

Точка

29/02/2024

16:02

4.807

Големина на фонт

а а а

Елизабет Харли ја покажала својата дива страна во фасцинантна секс-сцена која била направена во првиот трејлер за режисерското деби на нејзиниот син Дамијан.

Трејлерот за „Strictly Confidential“ ја прикажува 58-годишната актерка како се забавува со друга жена во сцена која ја снимил и режирал нејзиниот син, инаку модел и филмски режисер-почетник.

Драмата ја следи Миа која е фатена во светот на сексот, дволичноста и предавството, додека се обидува да ја открие мистеријата која ја опкружува за самоубиството на нејзината најдобра пријателка Ребека.

Трејлерот ја прикажува Миа како се враќа од егзотичен карипски остров каде Ребека починала со разоткривање на старите страсти и се заколнува дека ќе ја дознае вистината за смртта на својата пријателка.


Ликот на Елизабет, Лили, ја заведува Наташа, која ја толкува актерката Пир Кјаравара.

Во интервју за „People“, нејзиниот син Дамијан открил дека мајка му пред многу години му ветила дека ќе глуми во неговиот прв филм, а кога конечно добил зелено светло, таа отфрлила сѐ за да може да го исполни нејзиното ветување.

„Беше задоволство да се дојде на работа и секој ден да се работи со мојата мајка. Имaвме само 18 дена да го снимиме целиот филм, така што нашата телепатија беше со непроценлива вредноста.

Неуморно работевме со толку посветената и талентирана актерска екипа, беше навистина инспиративно. Вечно сум благодарен на довербата и верувањето во мене на сите кои учествуваа“, изјавил Дамијан и ја пофалил неговата мајка.


„Сите вклучени заслужуваат јавни овации на обожување, но моментално сакам да изразам обожување на Елизабет Харли која уште во 2010 година, кога имав осум години, ми вети дека ќе учествува на снимањето на мојот прв краток филм. Остана верна до своите зборови и штом овој филм доби зелено светло, мајка ми остави сѐ и дотрча до прекрасните Кариби за да ми помогне. Нашата заедничка работа беше сон над соништата“, споделил тој на Инстаграм.

Инаку, ова не е првпат Елизабет да глуми во некој проект на својот син. Исто така таа одлетала во Сејнт Китс и Невис поради неговиот краток филм „The Boy on the Beach“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг